Објавено на:

ФФМ објави: Како да дојдете до билет за мечот меѓу Македонија и Италија?

t

Македонските навивачи кои сакаат на стадионот „Ренцо Барбера“ да го гледаат мечот меѓу Италија и Македонија, ќе треба до 15 март да се пријават за купување на билети во Фудбалската федерација на Македонија.

Принципот е сличен како и за билетите за Европското првенство. Навивачите што сакаат да купат влезници ќе треба да се пријават преку мејл, а потоа во зависност од бројот на заинтересирани, ФФМ ќе прати код, па преку италијански портал за влезници ќе можат да купат.

Бројот на билетите за нашите навивачи е ограничен, а цените се по 12 евра.

„Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на бараж натпреварот Италија – Македонија во Палермо на 24. март за пласман на СП 2022,  од понеделник (7. март 2022), можат да се пријавуваат за купување на билети за мечот преку следната електронска адреса: 

[email protected]

Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо може да аплицираат за влезници до 15. март 2022.

Преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected], најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети (два или најмногу четири билети). Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк: 

https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Кодот за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварот на македонската репрезентација е ограничен, согласно регулативата за следење на фудбалски натпревари во услови на пандемија и регулативата за број на билети за гостински навивачи. 

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи. Цената на чинење на еден билет изнесува 12. ЕВРА“, стои во соопштението на ФФМ.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…

Како што најавуваат градските власти на Венеција,…

Шпанскиот репрезентативец Jамал ​ стана најмладиот стрелец…

Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Англија прва, Данска и Словенија без победа…

Англија со една победа, Данска и Словенија…