Објавено на:

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското воено воздухопловство: загрозени чувствителни податоци за персоналот, тактиките и воената логистика

t

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото воздухопловство на САД, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на три извори. Овој упад можел да доведе во опасност огромен обем чувствителни податоци поврзани со воените тактики, персоналот и синџирот на снабдување.

Упадот во платформата „Cloud One“ бил откриен во текот на ноември, за време на работите на надградба на системот, изјавиле двајца од изворите. Откритието довело до исклучување на целата платформа.

„Ројтерс“ не успеал да го утврди идентитетот на хакерите, целосниот обем на упадот, ниту дали податоците навистина биле украдени.

Од американското Воено воздухопловство соопштиле дека „не коментираат за безбедносната состојба, ранливостите или оперативниот статус на конкретни мрежи и системи“. Оттаму додаваат дека постојано преземаат мерки за заштита на информациите, системите и оперативните капацитети.

Платформата „Cloud One“ беше пуштена во употреба во 2017 година, со цел да претставува единствен систем за информатичките потреби на американското Воено воздухопловство. Таа ги обединува ресурсите на четири технолошки компании – „Мајкрософт“, „Амазон“, „Оракл“ и „Алфабет“ – за поддршка на десетици апликации, меѓу кои и системи за управување со податоци за персоналот и платите, синџирот на снабдување и одржувањето.

Меѓу нив се и системот „Cloud-Based Command and Control“ на Военото воздухопловство, кој обединува податоци од радарите за воздушна одбрана и други извори од цела Северна Америка, како и „Theater Integrated Combat Munitions System“, кој ги следи бомбите и ракетите во повеќе од 200 бази на американското Воено воздухопловство ширум светот.

Според два од изворите, „Cloud One“ е една од најголемите клауд-платформи во американската војска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…