Холандија влезе во рецесија

t

Холандската економија влезе во рецесија откако во второто тромесечје падна за 0,3 отсто во однос на претходното, покажува првата проценка која денес ја објави холандската агенција за статистика.

Петтата економија по големина во еврозоната забележа пад во второ тромесечје по ред, откако падна за 0,4 отсто во првите три месеци оваа година.

Холандскиот економски раст во 2021 и 2022 изнесуваше блиску до 6 отсто, поради опоравувањето од падот предизвикан од ковид-19.

Првата рецесија по пандемијата ја предизвика падот на личната потрошувачка и извозот, поради високата инфлација која ја поскапе храната и ги крена сметките за енергија во Холандија и нејзините трговски партнери. Потрошувачката падна за 1,6 отсто, а извозот бил помал за 0,7 отсто отколку во првите три месеци оваа година.

Инфлацијата во Холандија успорува откако во септември минатата година го достигна врвот од 14,5 отсто, но и понатаму остана на релативно високи 6 отсто во второто тромесечје на 2023.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…

Србија планира изградба и модернизација на 2.000…

Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…

Од следниот месец пензиите се зголемуваат за…

„Во мојот ресор за жал проблеми колку…