ХОЛИВУДСКА БРКОТНИЦА НИЗ АЕРОДРОМ: Со „Рено“ упорно бегал, повредил полицаец и едвај бил запрен!

t

Од министерството додаваат дека пред да биде запрен возачот не испочитувал уште една наредба за запирање и со неговото возило удрил во службено полициско возило и во полициски службеник.

Нешто по полноќ синоќа, полицијата уапсила двајца скопјани кои неколкупати бегале низ населбата Аеродром, а кога конечно успеале да ги запрат, со автомобилот удриле во полицаец и во возило на МВР.

– Денеска (14.02.2023) во 00.45 часот на ул.„Ангел Димовски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.Ѓ.(36) и А.И.(34), двајцата од Скопје. Претходно, околу 00.30 часот на ул.„Беласица”, М.Б.Ѓ. не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници со возилото „Рено Лагуна” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, а сопатник бил А.И., по што ја зголемил брзината и продолжил со движење – велат од полицијата.

Од министерството додаваат дека пред да биде запрен возачот не испочитувал уште една наредба за запирање и со неговото возило удрил во службено полициско возило и во полициски службеник.

– Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриен идентитетот: Билјана Кириќ (17) е девојката…

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше…

„Дејли мејл“: Трамп бесен по изборниот пораз,…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја следел изборната…

Инфлацијата во еврозоната достигна 4%, енергијата поскапе…

Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4%…

Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат…

Европската комисија денеска го усвои Пакетот за…

Извештај припишан на Си-би-ес: Трамп размислува за…

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за смена…