Хумана Македонија: Собрани над 16 милиони денари за настраданото население во Турција и Сирија
Заклучно со 10.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РМ се уплатени вкупно 16.095.831 денари за помош на Турција и Сирија после катастрофалните земјотреси што ги погодија двете земји, информираат од Црвениот крст.
Додаваат дека сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
· Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
· како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
· За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина: Зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување (се претвора во кревет), креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош).
Црвениот крст потсетува дека задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на (зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…
Турција и Грција ја освојуваат Месечината
Турција планира да го испрати својот прв…
Дронови, хеликоптери и 31.000 надзорници ги обезбедуваат…
Новата учебна година во Турција почна денеска…