Царинска управа: Поради пожар отежнато движењето на Богородица, граѓаните да ги користат другите премини кон Грција
Царинската управа ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е отежнато движењето на излез и на влез во државата преку граничниот премин Богородица. Поради ова Царинската управа апелира до граѓаните да ги користат останатите гранични премини со Грција.
Претходно денеска Министерството за внатрешни работи информираше дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.
Од АМСМ апелираа возилата да се пренасочат кон Граничниот премин Дојран.
-Внимателно ги следиме состојбите и навремено ќе ги информираме граѓаните кога преминот ќе биде ставен целосно во функција, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…