Цели држави во мрак: Казахстан, Киргистан и Узбекистан останаа без струја

Централноазиските држави Казахстан, Узбекистан и Киргистан се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија во поголемите градови, соопштија властите.
Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а преку Казахстан се поврзани со руската електрична мрежа, која можат да ја користат при неочекуван недостиг на струја.
Но, далноводот север-југ во Казахстан, кој ги поврзува густо населениот јужен Казахстан и двете соседни земји со руската мрежа беше исклучен во утрово поради засега сè уште непознати причини.
Поголемиот дел од Бишкек, главниот град на Киргистан, остана без струја, како и повеќето други градови во земјата. Во Бишкек не работат семафорите, а поради исклучување на пумпите во градот нема ниту вода.
Повеќето други градови во Киргистан се без струја, а медиумите известуваат за прекин на електричната енергија во целиот регион на Централна Азија.
Прекини со снабдување со електрична енергија се пријавени и во најголемиот град во Казахстан, Алмати, и во неколку големи јужни градови во близина на границата со Узбекистан и Киргистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Митовски на лице место направи проверка…
Директорот на ЈП Водовод и канализација –…
ЕСМ и денеска произведе 100% од потребната…
АД ЕСМ на 29.10.2022 година произведе 11.415…
2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми…
2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми…
АД ЕСМ и вчера целосно ги задоволи…
АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден…
Чекај нè Европо: Тетово без најава остана…
Цело Тетово 6 часа немаше вода за…