Цените на храната во Македонија допрва ќе растат: 80 проценти од извозот на сончогледовото масло е од Русија и Украина – најлошото е пред нас
Денес, Русија и Украина се светски лидери (2022 година) во областа на земјоделското снабдување. Влошувањето на ситуацијата меѓу овие земји веројатно ќе ги натера купувачите на пченица, пченка и сончогледово масло да бараат алтернативни извори за снабдување.
Заедно, Русија и Украина сочинуваат околу 29% од светскиот извоз на пченица, 19% од светските резерви на пченка и 80% од светскиот извоз на сончогледово масло. Трговците стравуваат дека ескалацијата на конфликтот може да влијае на понудата на производи и да предизвика хаос меѓу увозниците, но и огромно поскапување на цените на храната.
Македонија минатата година ја заврши со висока инфлација од 6,7%, потврди Државниот завод за статистика.
Речиси и да нема трошоци кои не се покачени за граѓаните. Трошоците за храна за една година се зголемиле за дури 9,2 проценти, додека цените на транспортот се зголемиле за 16,7 проценти.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2022 година, вооднос на претходниот месец, изнесува 101.5, а индексот на цените на мало изнесува 101.2, информира Државниот завод за статистика.
Во Македонија за нешто повеќе од една недела се одмрзнуваат цените на прехранбените производи. На 1 март истекува рокот на траење на владината мерка за замрзнати цени на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, месото, млечните производи, оризот, јајцата и тестенинините, на ниво на цената од први декември.
Да потсетиме дека во Македонија најголем пораст имаше на цената токму на маслото за готвење кое во маркетите чини околу 100 денари од литар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…