ЦУК информира: Еве на кои планини нема забрана за движење викендов

t

Низ парк шумата Водно или низ нашите национални паркови Шар Планина, Маврово, Галичица и Пелистер, може да се движите слободно, без никакви ограничувања, информираат од ЦУК.

Доколку планирате да се движите низ останатите планински делови од државата може да побарате писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми.

Центарот за управување со кризи работи на надминување на нејаснотиите кои настанаа со објавата на интернет страната на град Скопје на 23.06.2022 година со која градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“.

Во овој момент не постои активна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ и движењето низ нив е слободно и без ограничувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заради неексплодирана муниција пожарот кај Криволак не…

Непристапноста на теренот и можната опасност да…

Известување од ЦУК: Активни пожари во Струмица,…

РЦУК Струмица известува за шумски пожар помеѓу…

ЦУК е спремен како никогаш досега да…

Центарот за управување со кризи е подготвен…

Ангелов: Додека пожарникарска чизма не згазне на…

Директорот на Центарот за управување со кризи…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…