Чесните кадри на Мицкоски: Претседателката на Управниот одбор во Комунална хигина осудена за кривично дело во кое загинаа четири лица!

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се фалеше со чесните кадри и новите лица кои требаше да послужат како пример за позитивните промени во партијата кои ќе вродат со позитивни општествени промени.

Сепак од она што јавноста може да го увиди од работата на локалната самоуправа и од раководните кадри на Мицкоски е неработа, криминал, корупција и луѓе со во најмала рака сомнителен интегритет.

Имено пред околу пет месеци основниот суд во Струмица донесе осудителна пресуда за хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули 2014 година и во која загинаа четворица пилоти на МВР.

Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на тогашната „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш.

Одговорните лица не обезбедиле осветлување на антенскиот столб во Струмица висок 120 метри, за кој во текот на судската постапка и вештачењето се констатирало дека е една од причините за уривањето на полицискиот хеликоптер „МИ 17“ произведен 2008 со ознаки МАР 7712.

Судечкиот совет ги осуди обвинетите Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“ на условна казна од затвор од две години доколку делото не го повтори во наредните три години, Драгослав Радески, технички директор, доби 18 месеци условна казна доколку делото не го повтори во наредните две години, а ЈП Национална радиодифузија е казнета со парична казна во износ од 1 милион денари.

Според пресудата тие се товарат за тешки дела против општата сигурност по член 292 во врска со член 288 став два и еден и член 22 од Кривичниот закон. Казнетите се задолжени да ги платат судските трошоци и трошоците на оштетените.

И токму Спировска која се товари за тешки дела против општата сигурност беше предлогот на Мицкоски за претседател на управниот одбор во ЈП Комунална Хигиена Скопје. На предлог на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, предлог за кој потоа гласаа истите советници Спировска стана претседател на управниот одбор на ова јавно претпријатие.

Се поставува прашањето како раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучило да даде било каква функција на човек поради кој четири лица ги загубија своите животи?

Нејасно е зошто Мицкоски и советот во Град Скопје на чело со Славевски дадоа поддршка претседател на управен одбор на една институција да биде човек кој во моментов е условно осуден на казна затвор?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма: Насилно го внеле во возило и…

На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од…

Пукање во Гази Баба

На 09.04.2024 во 17.30 часот во СВР…

Филипче: Пропагандистите на ВМРО-ДПМНЕ ми спремаат црна…

Имам информации дека тајниот оперативен штаб за…

Велешанец паднал од мопед, тешко се повредил

На 09.04.2024 во 08.40 часот во СВР…

(Видео) Невидени поплави на Урал, Русија го…

Поплави ги погодија градовите низ Русија и…