„Чкембари“ со кореографија го прославија 38. роденден

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го дочекаа Кил во меч од третото коло на Лигата на шампионите. Трета рунда, трет европски големец на патот на пелистерци во елитата.
Овој натпревар, најверните навивачи на битолскиот клуб, популарните „Чкембари“ го искористија како шанса за прослава на својот 38 роденден. Со специјална кореографија, „Чкембарите“ го одбележаа почетокот на натпреварот против германскиот гигант.
Иако резултатите во елитното натпреварување не се позитивни, „Чкембари“ и битолската публика му даваат сериозна поддршка на својот миленик кој по 18 години игра во Лигата на шампионите.
Извор: Gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Слушнете го детето кое е еден…
Искреноста на децата во светот на возрасните…
Снимка од дрон во Битола: Масовен собир…
Илјадници битолчани денеска излегоа на мирен собир…
(Видео) Не издржа младост што сака да…
И во Битола, како и во многу…
(Видео) Советот на Општина Битола ЕДНОГЛАСЕН против…
Советот на Општина Битола едногласно го изгласа…
Во Битола пронајдени 206 гранати од Првата…
При градежни работи во Битола, пронајдени се…