Швајцарија го елиминираше Европскиот шампион Италија
Eвропа и дефинтивно ќе има нов шампион, Швајцарија славеше победа од 2:0 во Берлин и така ја елиминираше Италија од Европското првенство.Победата на Швајцарците е апсолутно заслужена, Италија не одигра скоро ништо и во цел натпревар немаше ниту една посериозна прилика за гол.
Резултатот беше отворен по 37. минута кога Фраулер на асистенција на Варгас го совлада Донарума. Италија во текот на првите 45 минути не упати ниту еден удар во рамките од голот.
Само што започна вториот дел Варгас со еден прекрасен гол зголеми на 2:0 и со оглед на она што го играше Италија веќе стануваше јасно дека Швајцарија ќе биде првата репрезентација која ќе се пласира во четвртфиналето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…