Објавено на:

Швајцарија победи на Евровизија 2024, Немо ја полуде Европа! Бејби Лазања го освои второто место

t

Заврши финалето на 68. Избор за песна на Евровизија, а победата ја однесе претставникот на Швајцарија – Немо, изведувајќи ја песната „The Code“.

Минатогодишната победничка на Евровизија, Лорин, му го врачи трофејот на видно возбудениот Немо на евровизиската сцена.

Во фотофинишот на „Евровизија“, Немо беше на второто место во обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да стигне до првото место.

Немo, којшто ги користи заменките тие/нивни, победувајќи на Евровизија, стана првиот небинарен натпреварувач кој ја однесе дома наградата, стаклен трофеј во облик на микрофон.

Бејби Лазања од Хрватска го освои високото второ место, и покрај тоа што изминатите денови го држеше првото место на обложувалниците. Бејби Лазања ги освои срцата на публиката која во еден глас пееше и танцуваше со него.

Најдобрите пет во финалето беа:

Швајцарија
Хрватска
Украина
Франција
Израел

Во финалето настапија Шведска, Украина, Германија, Луксембург, Израел, Литванија, Шпанија, Естонија, Ирска, Латвија, Грција, Велика Британија, Норвешка, Италија, Србија, Финска, Португалија, Ерменија, Кипар, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Норвешка, Франција и Австрија.

Сите учесници, гости и публика во Арената во Малме беа чувани од голем број полицајци бидејќи се одвива во екот на војната во Газа. Во текот на изминатите денови во Шведска се одржаа неколку протести во знак за поддршка на Газа, така беше и денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…

Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…

Володин: Конференцијата во Швајцарија нема никаква смисла,…

Одреден број пратеници на украинската Врховна рада…

(Видео) Сиљановска не знае колку чинело патувањето…

Претседателката Сиљановска Давкова не знае колку чини…

Евровизискиот победник Немо најави европска турнеја, но…

Швајцарецот Немо кој победи на овогодинешната Евровизија…

Силен земјотрес во Швајцарија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според…