Шведска ги промени препораките: Позитивни ќе одат на работа доколку немаат симптоми, ќе се тестираат само лицата кои мораат да работат со физичко присуство

t

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги загрозуваат виталните општествени функции како што се предучилишниот и здравствениот систем, Шведска денеска во голема мера ги промени своите препораки за тестирање и изолирање на граѓаните во случај на коронавирус во домаќинствата.

Така, периодот на изолација на лицата кои живеат во заедничко домаќинство со заразените е намален од седум на пет дена, а за некои популациони групи целосно е укинат.

„Сведоци сме на силно влијание на Ковид-19 врз целото општество, делумно поради самата болест, но и поради отсуството на многу граѓани од нивните работни места. Оценуваме дека голем дел од населението ќе биде заразено во следните недели. Поради оптоварувањето на системот, резултатите доцнат и тоа ја намалува нивната важност. Затоа сега ги прилагодуваме препораките за тестирање и изолација“, изјави Сара Бифорс од шведскиот институт за јавно здравје.

Луѓето кои примиле три дози од вакцината, кои се заразиле со Ковид-19 во последните три месеци и кои работат во општествено витални активности, повеќе не треба да бидат изолирани или ставени во карантин доколку некој од членовите на нивното семејство се зарази. Исто така, луѓето со Ковид-19 можат да се вратат на работа или на училиште по само пет дена, под услов да немаат треска во последните два дена и да се чувствуваат добро. Ова важи и за оние кои не успеваат да се тестираат.

Се менуваат и приоритетите во ПЦР тестирањето. Покрај пациентите од медицински причини и лицата кои згрижуваат стари и болни лица во соодветни институции, приоритет при тестирањето ќе имаат и лицата со симптоми на чие работно место е потребно лично присуство, како и основците и средношколците. Луѓето со симптоми на ковид-19 кои биле тестирани дома не треба да се подложат на ПЦР тестови.

Шведска спроведе скоро 500.000 ПЦР тестови минатата недела, од кои 32 отсто беа позитивни, што укажува дека многу повеќе од 39.928 биле заразени. Поради тоа, неколку шведски лекари во последните денови ја испратија следната порака до јавноста – доколку имате симптоми на настинка, сметајте дека сте заразени со сојот омикрон.

„Оние со благи симптоми на настинка не треба ни да се тестираат. Тоа е мојата порака до сите, под услов да не работат во системот на здравствена или социјална заштита и на тој начин ризикуваат да заразат послаби и поранливи луѓе. Особено нема потреба да се се тестира повеќе пати неделно ако нема медицински индикации“, изјави Томас Бергстром, професор по клиничка микробиологија на Универзитетот во Салгрен во Гетеборг, додавајќи: Целосно е бесмислено да се тестираме и да ги добиеме наодите за само една недела. Се соочуваме со огромен бран на инфекции и јасно е дека сите заразени го имаат сојот омикрон.

Сепак, и покрај десетици илјади заразени, веќе нема сомнеж дека сојот омикрон не предизвикува посериозни симптоми кај огромното мнозинство пациенти, особено кај оние кои се вакцинирани. Шведските медиуми јавуваат дека само 57 отсто од пациентите кои биле позитивни на тестот и биле хоспитализирани во јануари имаат Ковид-19 како примарна дијагноза. Сите останати во болница завршиле од други причини, а дури по хоспитализацијата е откриено дека се заразени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Хорор во Шведска: Двајца повредени при…

Две лица се повредени во трговски центар…

Професорот Трајковски: Можно е зголемување на ковид…

Продолжува очекуваното експоненцијално намалување на дневните броеви…

Турција: Финска и Шведска не ги исполнија…

Шведска и Финска не го исполнија барањето…

Над 500 новозаразени, двајца починати: Ова е…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Шведската премиерка: Ќе ги исполниме условите на…

Шведска ќе ги исполни условите од договорот,…