Шилегов: Филипче сам треба да си поднесе оставка поради катастрофалниот рејтинг
Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет, рече Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.
Шилегов посочи дека реакции за несоодветното водење на партијата имало и од обичните членови на партијата и од претседателите на општинските организации.
„Не е дека некој нешто чека, но ќе видиме како ќе се движат работите. Но, огромна е комуникацијата со мене, со другите луѓе што сме сериозно загрижени за состојбата во партијата, и тоа на сите нивоа. Од обичното членство до актуелни претседатели на општински, кои се номинирани од ова раководство, бидејќи гледаат дека не ја бива работата“, рече Шилегов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шилегов: Филипче сам треба да си поднесе…
Не можеме ние претседателот Филипче да го…
Петровска се огради од Земон: Почитта кон…
Пратеничката Славјанка Петровска се огради од Рубин…
Муцунски од Хрватска: Силна поддршка за ЕУ…
Денеска, во рамки на работната посета на…
Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ…
Пратеникот Миле Цеков ја напушта пратеничката група…
Финансиската полиција упадна во Стоматолошката комора
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…