Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ – од денеска сум независен пратеник

t

Пратеникот Миле Цеков ја напушта пратеничката група на ЗНАМ која е дел од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и од денеска е независен пратеник, пренесе Тв 24.

Според информациите, тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката, а не себе си и дека е незадоволен од многу работи.

„По две години како дел од власта, сакам јасно да соопштам дека од овој момент ќе делувам како независен пратеник кој не е дел од власта. Станав пратеник пред две години за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот, но и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат“ рече Цеков.

Не кажа конкретно дали власта ја менува со поддршка за опозицијата, но вели отворен е за соработка со сите кои ги делат неговите вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ…

Пратеникот Миле Цеков ја напушта пратеничката група…

ЗНАМ ја обвинува СДСМ за сценарио за…

Движењето ЗНАМ ја обвинува СДСМ и Венко…

ЗНАМ со честитка до Маѓар за победата…

Во име на Движењето ЗНАМ за Наша…

ЗНАМ: Тоа што Филипче бега од лидерска…

Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува…

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава…

„Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што…