Финансиската полиција упадна во Стоматолошката комора
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од КЗ на Република Македонија.
Првопријавениот М.Д., пречекорувајќи ги границите на службените овластувања доверени од Министерството за здравство за издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа на доктори по стоматологија, свесно и со однапред утврдена намера склучувал договори со непостоечки здруженија за спроведување облици на континуирано стручно усовршување преку кои докторите по стоматологија стекнувале бодови за обновување на лиценците.
Воедно, првопријавениот бил основач, овластен потписник на банкарските сметки и еден од фактичките управители на ДДДММ – Друштво на доктори по дентална медицина на Македонија – Куманово, преку кое го изигрувал системот, постапувајќи спротивно на Правилникот за континуирано стручно усовршување и Законот за здравствена заштита
Во координација со останатите пријавени, биле издавани решенија и склучувани договори со цел спроведување на поголем број на настани годишно од она што е пропишано во Правилникот, овозможувајќи им имотна корист за ДДДММ, Македонското стоматолошко друштво и Стоматолошкото друштво на Албанците, на чии банкарски сметки се исплатувале средствата од котизациите на докторите по стоматологија за сите противправно акредитирани и реализирани настани, а за таа цел здруженијата во нивен состав намерно не биле регистрирани како посебни правни лица.
Со горенаведените противправни дејствија, пријавените оствариле имотна корист за друштвата ДДДММ друштво на доктори на дентална медицина на Македонија, Македонско Стоматолошко друштво и Стоматолошко Друштво на Албанците во вкупен износ од 31.969.250,00 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…