Објавено на:

Шојгу: Русија има мобилизациски ресурс од 25 милиони луѓе, сега мобилизираме нешто повеќе од 1%

t

Рускиот мобилизациски ресурс е речиси 25 милиони луѓе, нешто повеќе од 1% од нив е предмет на делумна мобилизација – оние кои служеле во војска имаат воена специјалност и борбено искуство, изјави во средата рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.


„Токму од резерва, тоа не се некои луѓе кои никогаш не виделе или слушнале ништо за армијата, тоа се навистина оние кои служеле, имаат воена специјалност, односно специјалност што е потребна денес во вооружените сили,имаат борбено искуство“, рече Шојгу во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.


„Имаме огромен мобилизациски ресурс, односно ресурс на оние кои служеле, оние кои имаат борбено искуство, оние кои имаат воена специјалност, имаме речиси 25 милиони од нив. Така, можете да разберете дека оваа делумна мобилизација, тоа е 1 отсто или малку повеќе. 1,1 отсто можеби од вкупниот мобилизациски ресурс“, објасни Шојгу.

Тој додаде дека не се зборува за некаква мобилизација на студенти кои студираат на универзитетите и нема да одат под никакви околности. Исто така, не се предмет на мобилизација и упатување во зоната за специјални операции и оние кои во моментов служат воен рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…

Три лица, меѓу кои и едно дете,…

(Видео) Ранет шефот на дроновите на Путин,…

Основачот на рускиот производител на беспилотни летала…

Индија се откажа од купување на руските…

Индија го откажа договорот со Русија за…

(Видео) Дрон се урна во руско одморалиште…

Три лица загинаа, а 13 други се…

Потврдени 236.066 загинати руски војници во Украина,…

Рускиот независен медиум Mediazona и рускиот сервис…