Шпанскиот премиер свика итен состанок поради бранот мигранти во Сеута
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе претседава со вонреден координативен состанок со неколку министри, на кој ќе се разгледува состојбата во Сеута по масовниот прилив на мигранти од Мароко во текот на минатата недела.
Како што пренесува агенцијата ЕФЕ, состанокот ќе се одржи преку видеоконференција, а Санчез ќе раководи од државната резиденција Ла Марета на островот Лансароте.
Целта на состанокот е координација на активностите на надлежните министерства и проценка на понатамошните чекори во справувањето со ситуацијата во шпанската енклава во Северна Африка.
На состанокот ќе присуствуваат министерката за одбрана Маргарита Роблес, министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка, министерката за инклузија, социјално осигурување и миграции Елма Саиз, како и министерката за млади и деца Сира Рего.
Поканет е и државниот секретар за надворешни работи Диего Мартинез, бидејќи министерот за надворешни работи Хосе Мануел Албарес престојува во Колумбија, каде што го придружува шпанскиот крал на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на таа земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Сеута: стампедо и предупредувачки…
Хаотични сцени се случувале утрово во шпанската…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден
Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…