Што се случува во Вардар? Многу ветувања, многу спонзори на повидок и враќање на Градски!

t

Фудбалот е во центарот на вниманието ова лето. Додека Словенија, Словачка, Романија, Србија.. силно им се спротиставуваат на фаворитите на ЕП, во Македонија гледаме и влечеме поуки за во иднина. А, сега малку за домашниот наш фудбал и ФК Вардар.

Вардар, нашиот бисер и најтрофеен фудбалски колектив во Македонија чека многу подобри денови. Ветувања и најави за подобри денови има многу, што oд новата владеачка гарнитура, што од локалната власт, па се до моќни компании.

Според нашите информации Вардар ова лето ќе го огрее сонце. Веќе се договорени неколку компании да застанат зад црвено – црните и да го кренат Вардар на едно доста повисоко ниво каде во новата сезона би се борел за излез во Европа. Но, за да застане Вардар на здрави нозе како што се вели фудбалски најпрвин треба да се средат неколку важни работи, пред се оние кон УЈП. Кога ќе се средат тие клучни точки, тогаш Вардар ќе добие спонзори зад себе и ќе почне да промовира нови играчи.

Засега Филип Најдовски е далеку од Вардар, односно е пред враќање во Тирана. Интерес има за неколку екс играчи на тимот и на репрезентацијата на Македонија, но како што рековме прво треба да се средат (се средуваат) важните работи, а потоа другото.

Едно е јасно, Вардар во новата сезона се враќа да игра на Градскиот стадион во Скопје.

За крај, не го личи фудбалот во Македонија без силен Вардар, тоа е факт!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата…

Ова е ставот на Стејт Департментот, на…

Филипче: Кредитот е неповолен, станува збор за…

Гледано од економски аспект кредитот од 500…

Минчев: Буџетот е во катастрофална состојба

Министерот за јавна администрација Горан Минчев веќе…

АХВ: Заштитете ги и животните од високите…

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата…

Македонија се бори со огнени стихии, пожари…

Граѓаните да не се движат во населените…