Што се случува? Полски платеници пристигнаа во Донабс

Војници од Полска пристигнаа на територијата на Донбас, која е под контрола на Киев, објави на прес-конференција заменик началникот на Народната милиција на Доњецката Народна Република Едуард Басурин.
– Разузнавачката служба на Народната милиција на ДНР добила информација дека полски платеници пристигнале во зоната каде се спроведува таканаречената операција на здружените сили на Вооружените сили на Украина, изјави Басурин.
Тој објасни дека во областа Поласна биле забележани две групи вооружени луѓе, по 20 луѓе, кои зборувале полски.
„Утврдено е дека пристигнале за извршување на задачи од областа на одговорноста на 24-та механизирана бригада. „Нивната задача е да вршат прецизни саботажи и терористички напади заедно со единиците на украинските сили за специјални операции, со цел да ја онеспособат виталната, социјална инфраструктура и да го заплашат локалното население“, додаде претставникот на ДНР.
Тие сметаат дека пред евентуалниот почеток на офанзивата на украинската армија, платениците ќе се обидат да го нанесат најголемиот удар врз цивилните инфраструктурни објекти за да ги принудат единиците на ДНР да одговорат.
„Украинската страна, оправдувајќи се во очите на меѓународната јавност, ќе се обиде да ги искористи тие катјони како повод за започнување на воени дејствија. „Полјаците пристигнаа на територијата на Украина како инструктори кои треба да ги обучуваат украинските војници“, посочи Басурин.
Разузнавачката служба на Народната милиција на Народна Република Доњецк забележала и пристигнување на украински екстремисти, обучени под водство на британски инструктори, од кои се формираат ударни групи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација
Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…