Ѓорѓиевски: До Нова година ќе завршиме три големи проекти
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави интензивна реализација на повеќе инфраструктурни проекти во главниот град, при што очекува до Нова година да бидат завршени три значајни проекти – Момин Поток, дел од булеварот „Борис Трајковски“ и мостот на Љубљанска.
Во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, Ѓорѓиевски рече дека редовно во вечерните часови излегува на терен со своите соработници за да ја следи динамиката на градежните работи.
Кај Момин Поток, според него, веќе има сериозен напредок. Еден од мостовите е целосно бетониран, а се подготвува бетонирањето и на вториот мост над реката Серава. Асфалтирањето на првиот мост би можело да започне откако ќе заврши периодот потребен за зреење на бетонот.
-До Нова година овие три проекти ќе бидат завршени, најави Ѓорѓиевски.
На булеварот „Борис Трајковски“ веќе е поставен асфалтниот слој на делот кон Драчево, а работите продолжуваат и на спротивната страна. Градоначалникот изрази благодарност до сопствениците и стопанствениците кои отстапиле земјиште и овозможиле продолжување на проектот.
Како трет голем проект го посочи мостот на Љубљанска, кој треба да овозможи подобро сообраќајно поврзување со Карпош и Ѓорче Петров и да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во тој дел од градот.
Ѓорѓиевски најави и изградба на два нови паркови во Бутел и Карпош, а како една од целите до крајот на мандатот го посочи и ставањето во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“.
На трасата веќе се расчистуваат објекти, а во следниот период треба да започне изградбата на пристапните улици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: До Нова година ќе завршиме три…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави интензивна…
Што да се очекува од посетата на…
Години наназад, секоја посета на европските претставници…
Утре сончево со температури до 29 степени,…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Канада бара поблиски врски со Европската унија
Канадскиот премиер Марк Карни заминува во Европа…
Американската централна банка се подготвува за можна…
Американската централна банка, Федералните резерви, се очекува…