Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?

t

Години наназад, секоја посета на европските претставници во Скопје се најавува како клучна и како голема пресвртница за македонските евроинтеграции. Но, епилогот секогаш е ист, вратите на Унијата се ширум отворени, но уставните измени остануваат круцијални за отворање на поглавјата. Оттука, прашањето е дали и најавената посета на Урсула фон дер Лајен, која евроамбасадорот Рокас веќе ја нарече одлучувачка, може да донесе нешто поинакво од веќе добро познатите пораки?

За разлика од претходно, аналитичарите овој пат очекуваат Брисел конечно да го промени тонот и наместо уште една протоколарна реторика, во Скопје да донесе конкретен план и цврсти гаранции за Македонија. Предлогот кој би бил претставен на македонската Влада, би можел да биде прикажан како последен предлог да се даде дополнителен притисок на властите, вели претседателот на Евротинк.

Посетата на претседателката на Европската Комисија ќе биде обид да се создаде политичка атмосфера за да се исцртаат контурите како да се направи некаков следен чекор за да се надмине проблемот, смета аналитичарот Петар Арсовски.

Скопје за само неколку месеци станува дестинација за дури тројца клучни луѓе од европскиот врв. Прва во низата посети беше ма еврокомесарката Марта Кос, која ја претстави идејата за постепено вградување во структурата на ЕУ. Веќе следниот месец, главниот град го посети и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со јасна порака дека без промена на Уставот нема формален почеток на преговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што да се очекува од посетата на…

Години наназад, секоја посета на европските претставници…

Утре сончево со температури до 29 степени,…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Канада бара поблиски врски со Европската унија

Канадскиот премиер Марк Карни заминува во Европа…

Американската централна банка се подготвува за можна…

Американската централна банка, Федералните резерви, се очекува…

Инженер на DeepSeek: Anthropic да има најдобар…

Можноста американскиот стартап Anthropic самостојно да ја…