Ѓорѓиевски: Започна изградбата на нов парк од 71.000 квадратни метри во Ново Лисиче

t

Нов парк со површина од 71.000 квадратни метри ќе се гради во населбата Ново Лисиче, на локација во непосредна близина на куќата на фудбалот (ФФМ) и последната автобуска станица на линијата „5“, каде што претходно имаше дива депонија.

Почетокот на градежните активности денеска официјално го означија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Според најавите, на просторот е предвидено засадување на околу 1.000 дрвја, од кои над 800 листопадни и останатите зимзелени садници. Проектот опфаќа и изградба на пристапни патеки, детски рекреативни катчиња и простори за одмор.

„Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 м² – запуштениот простор станува зелена гордост на Скопје! Таму каде што со години имаше дива депонија, создаваме простор за живот, за детски насмевки, за прошетки и за дружење меѓу генерациите. Место кое повторно ќе им припаѓа на граѓаните, исполнето со зеленило!“, објави Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека секое ново засадено дрво претставува влог во почист воздух и поздрава животна средина за најмладите.

„Со овој парк, заедно со парковите што веќе ги изградивме и оние на кои работиме, достигнуваме околу 200.000 квадратни метри парковско зеленило. Зад оваа бројка стојат конкретни простори што ги уредуваме и ги враќаме во секојдневието на скопјани“, посочи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски порача дека грижата за градот започнува со грижата за граѓаните и дека продолжува рамномерниот развој во сите скопски општини.

„За мене, грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Со тоа секое семејство да има каде да прошета, секое дете да има простор да создава убави спомени и секоја населба да добие зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин. Градиме денес, за генерациите што доаѓаат. За позелено Скопје, за поубав живот!“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Започна изградбата на нов парк од…

Нов парк со површина од 71.000 квадратни…

Џабе затвораме, кога има судии кои ги…

Големо разочарување, и за мене, и за…

Се зголемува монашкото братство во Бигорскиот манастир…

Биргоскиот манастир Свети Јован Крстител на својата…

Со метални предмети го нападнале на паркинг…

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга…

Русија оди кон најниско производство на нафта…

Русија се движи кон најниското годишно производство…