Ѓорѓиевски: Зборот е збор – Скопје го правиме чист, достоинствен и повторно горд град!

t

Зборот е збор, пристигнаа новите возила за Комунална хигиена. Сметот со години беше еден од најгорливите проблеми во Скопје и една од најтешките слики на нефункционалноста на системот на нашите претходници, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Уште од првиот ден кога ја презедов функцијата градоначалник, ветив дека нечистотијата, преполните контејнери и запуштените улици ќе станат минато. Денес зборот станува дело!
Заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ги промовиравме новите возила за комунална хигиена, обезбедени преку проект реализиран со поддршка од Светска банка. Оваа современа механизација значително ќе ги зајакне капацитетите за одржување на јавната хигиена, ќе овозможи побрзо, поефикасно и поредовно собирање на отпадот и ќе придонесе за почисти улици и поздрава животна средина. За нас, чистотата на Скопје не е повремена акција, туку секојдневна обврска кон граѓаните. Затоа работиме посветено, организирано и без изговори во секоја населба, на секоја улица и во секое маало, рече Ѓорѓиевски.

Истовремено, Град Скопје со сопствени средства набавува дополнителни специјализирани возила, како и повеќе од 3.300 нови контејнери, за кои постапката е во завршна фаза.

-Со обновена механизација, нова опрема и подобра организација, му ставаме крај на долгогодишниот проблем со сметот. Од името на скопјани изразувам искрена и огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за несебичната и најголема поддршка што локалната самоуправа ја добила од осамостојувањето на Македонија до денес.
Со конкретни дела, како никој досега, покажа како се сакаат сопствениот град, народот и државата. Благодарност упатувам и до вицепремиерот Александар Николоски за континуираната поддршка што им ја дава на Скопје и на цела Македонија, како и до директорката на Светска банка за Македонија за придонесот во реализацијата на проектот преку кој беа обезбедени овие возила. Продолжуваме да се грижиме за Скопје, за нашиот народ и за Македонија. Повеќе не е прашањето дали можеме подобро. Подоброто веќе го создаваме и граѓаните секојдневно ќе го живеат! Зборот е збор. Скопје го правиме чист, достоинствен и повторно горд град, порача скопскиот градоначалник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…