Ѓорѓиевски им го разубави денот на жените од Кисела Вода: Подари цвеќиња на случајни минувачи

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека по повод Меѓународниот ден на жената поделил цвеќина на жените низ Кисела Вода.
Еве што напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук:
Денот на жената, се потрудивме на нашите сограѓанки да им го разубавиме и да им го направиме поинаков.
Жените секогаш ќе имаат еднаков третман во општина Кисела Вода, но сметам дека на ваквите денови кои им се посветени ним во меѓународниот календар на случувања, убаво е да им посветиме малку повеќе внимание.

Со ПСОН-Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР Скопје и РСБСП се одлучивме на ваква заедничка акција која се одвиваше низ улиците на нашата општина на која поделивме цвеќе и летоци за безбедно возење на учесничките во сообраќајот, бидејќи секогаш е добар момент да се потсети на безбедноста при возењето, а уште подобро е кога притоа со мало внимание ќе се одбележи празникот 8-ми Март.

Честит празник, почит и благодарност до сите жени за нивниот придонес во сите сфери на животот.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов тренд: Жени и девојки се приклучуваат…
Ученичка од Босна, малолетничка од Србија, Црногорка…
Еднакви и моќни жени се потреба на…
Еднакви и моќни жени не е само…
(ФОТО) Митовски на лице место направи проверка…
Директорот на ЈП Водовод и канализација –…
Чекај нè Европо: Тетово без најава остана…
Цело Тетово 6 часа немаше вода за…
(Видео) Нова трагедија во Иран: Сурово убиена…
Хадис Наџафи, 20-годишна жена застрелана и убиена…