Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување на штетите од невремето
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека денеска одржал координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.
Според Ѓорѓиевски, скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје ќе се врши стручна процена на пријавените оштетувања, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетените станбени објекти.
Тој најави дека со скопските градоначалници е договорено општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да спроведат засилени и строги контроли на сите објекти кај кои невремето предизвикало оштетувања на кровните конструкции.
„Ќе се проверуваат сите објекти со оштетени кровови за да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека нивното одржување е обврска на куќните совети“, наведува Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека сите расположливи капацитети се ставени во функција за справување со последиците од невремето и потсети дека Град Скопје располага и со солидарен фонд, во кој се обезбедени средства за обештетување на граѓаните во вакви ситуации.
Ѓорѓиевски им се заблагодари на екипите на јавните претпријатија и на Противпожарната бригада за брзата реакција по невремето, нагласувајќи дека расчистувањето на терен ќе продолжи сè додека последиците не бидат целосно санирани и не се обезбеди безбедност за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти…
Во Франција регистрирани 5.764 смртни случаи повеќе…
Француската агенција за јавно здравје денес објави…
Даниел Сиад, осомничен дека регрутирал жени за…
Скаутот на модели Даниел Сиад, осомничен за…
Цистерна со вода поставена во болницата во Гостивар –…
За обезбедување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Општата…
Зелен Хуман Град: Епидемијата во Гостивар е…
Зелен Хуман Град го смета за свесен…