Зелен Хуман Град: Епидемијата во Гостивар е свесен биолошки напад

t

Зелен Хуман Град  го смета за свесен биолошки напад и терористички чин загадувањето на водата во Гостивар. Во реакцијата објавена денес тие сметаат дека коренот на сите несреќи во Македонија е ист – картелизирани јавни институции со неспособни партиски кои ги крадат парите на граѓаните. 

„Нова недела, ново фијаско на македонските институции – илјадници граѓани затруени во Гостивар од вода за пиење, хоспитализирани со болки во стомакот и повраќања бидејќи директорката на гостиварскиот Водовод (која за да се заштити небулозно тврдеше дека станува збор за труење со храна) , заедно со менаџментот, на 24-ти јуни дале наредба да се приклучат пумпи на диво од канал со површинска вода.  А, притоа, во системот пуштиле неколкукратно повеќе количина хлор над дозволеното во обид да ја исчистат водата. И сепак водата не е само матна, туку е КАФЕНА и се најдени еден тон бактерии и фекалии кои е недозволиво да ги има во питка вода! За институционалната негрижа да биде уште поголема, истовремено ИЈЗ – Гостивар објавува одобрение дека водата е безбедна за пиење.

Дополнително запрепастувачко е тоа што не им било дозволено цела вечер на екипите од ИЈЗ и АХВ да земат примероци, а спорно е и тоа што Јавното обвинителство им забранило на Министерството за здравство и ИЈЗ да ги споделат анализите јавно, бидејќи наводно ќе попречувало на истрагата, а во реалноста наликува на тенденциозно криење со цел партиско спогодување зад затворени врати и пи-аровско намалување на штета по вашите ценети рејтинзи.

 За да се намали притисокот и револтот кај јавноста уапсени се три лица меѓу кои  директорката и се товарат за тешки дела против природата, или говорејќи во приликите на македонскиот правосуден систем: условна казна или 2-3 години затвор за нешто што фактички претставува ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИН И СВЕСЕН БИОЛОШКИ НАПАД ВРЗ НЕВИНИ ЛУЃЕ

Најалармантно е тоа што македонските институции, политички партии па и самото општество НЕ УЧИ НИШТО од претходните трагедии (Кочани, Модуларна болница, Дурмо турс…) кои имаа и смртоносни последици. Единствена разлика помеѓу тие трагедии и ситуацијата во Гостивар е што во Гостивар (за среќа) нема смртни случаи, а коренот на овие настани е ист: Криминогени политички партии кои ги картелизираат јавните институции со неспособни партиски послушници за да се одржат на власт и да можат да продолжат да крадат народни пари.

 Згрозени сме од овој терористички напад врз гостиварчани и им посакуваме што побрзо и целосно закрепнување. А кога ќе оздрават, се гледаме повторно на улица – на блокади и протести, за конечно да го ослободиме државниот апарат од стегите на неколку моќници кои се богатат на цена на нашето здравје и нашите животи“, стои во реакцијата на ЗХГ. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зелен Хуман Град: Епидемијата во Гостивар е…

Зелен Хуман Град  го смета за свесен…

Европа и понатаму под удар на екстремни…

Голем дел од Европа продолжува да се…

Во Либерија запленет кокаин вреден повеќе од…

Огромна количина кокаин е запленета за време…

Индија гледа кон Македонија – најавена соработка…

Македонија и Индија отвораат ново поглавје во…

ЦУК: Водата во Гостивар е неисправна, граѓаните…

Водата од водоводната мрежа во Гостивар во…