Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување на штетите од невремето
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека денеска одржал координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.
Според Ѓорѓиевски, скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје ќе се врши стручна процена на пријавените оштетувања, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетените станбени објекти.
Тој најави дека со скопските градоначалници е договорено општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да спроведат засилени и строги контроли на сите објекти кај кои невремето предизвикало оштетувања на кровните конструкции.
„Ќе се проверуваат сите објекти со оштетени кровови за да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека нивното одржување е обврска на куќните совети“, наведува Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека сите расположливи капацитети се ставени во функција за справување со последиците од невремето и потсети дека Град Скопје располага и со солидарен фонд, во кој се обезбедени средства за обештетување на граѓаните во вакви ситуации.
Ѓорѓиевски им се заблагодари на екипите на јавните претпријатија и на Противпожарната бригада за брзата реакција по невремето, нагласувајќи дека расчистувањето на терен ќе продолжи сè додека последиците не бидат целосно санирани и не се обезбеди безбедност за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…
Компаниите што во последните три месеци редовно…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…