Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија – време е да ја избереме иднината, а не минатото
„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија. Бугарија која го направила својот цивилизациски избор и треба јасно, достоинствено и самоуверено да го брани“, изјави претседателскиот кандидат Андреј Ѓуров, откако денеска го оствари своето гласачко право на вториот круг од претседателските избори во Бугарија.
Ѓуров гласаше во Националната уметничка галерија „Св. св. Кирил и Методиј“ во Благоевград, во придружба на сопругата Станислава Ѓурова.
Своето обраќање кандидатот за претседател го започна со честитка по повод 1 ноември – Денот на народните будители, нагласувајќи ја важноста на празникот за бугарската духовност, образование и култура.
„Денеска е Денот на народните будители и им оддаваме почит на оние кои со своето знаење, со зборот и со саможртвата го зачувале бугарскиот дух. За мене, како универзитетски професор, ова е и професионален празник. Го доживувам како добар знак и им честитам на сите колеги“, изјави Ѓуров.
Предизборната кампања, која ја водеше заедно со кандидатот за потпретседател Георги Кандев, Ѓуров ја оцени како „позитивна, чесна и отворена“.
„Резултатот од првиот круг го видовме. Тој ни ја отвори вратата денеска да го направиме својот избор, да ја избереме иднината, а не минатото. Но, сега одлуката е во рацете на сите бугарски граѓани“, порача претседателскиот кандидат.
Тој упати и повик до граѓаните да излезат на гласање, поврзувајќи ја симболиката на изборниот ден со празникот на народните будители.
„Денеска тие се народните будители. Очекувам сите бугарски граѓани да ја преземат судбината во свои раце и да гласаат за својата иднина“, истакна Ѓуров.
Право на глас на денешниот втор круг имаат околу 6,6 милиони бугарски граѓани. Избирачките места беа отворени во 7 часот наутро, а според утврдениот распоред, гласањето треба да заврши во 20 часот.
Во вториот круг од претседателските избори во Бугарија се соочуваат кандидатските двојки Андреј Ѓуров – Георги Кандев и Илијана Јотова – Кирил В’лчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска…
„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија.…
Бугарија гласа во вториот круг од претседателските…
Избирачките места во Бугарија се отворени од…
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…