Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги палел постројките на „Старлинк“ во Бугарија, Литванија и во Полска

t

Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за саботажа на постројки на сателитската интернет-мрежа „Старлинк“ во Литванија се наоѓаат во притвор во Германија, објави ДПА.

Двајцата мажи, на возраст од околу 20 години, се осомничени дека организирале и предводеле терористичка група која наводно извршила слични кривични дела во Бугарија и во Полска.

Ова во Вилнус го изјави заменик-началникот на литванската криминалистичка полиција, Саулијус Бригинас, според извештај на радио објавен во четвртокот.

Еден од осомничените има германско и турско државјанство, а другиот српско и германско, изјави Бригинас.

Според неговите наводи, двајцата млади мажи пристигнале во Литванија непосредно пред инцидентот и ја напуштиле земјата веднаш по извршувањето на делото.

Во моментов се наоѓаат во притвор во Германија, врз основа на европски налози за апсење издадени од Бугарија.

Според полицијата, осомничените живееле во Германија.

Во средината на октомври во Литванија бил направен обид за подметнување пожар во постројки на сателитската мрежа „Старлинк“, сместени во кругот на една компанија. Литванските власти се сомневаат дека зад нападот стои Русија.

Осомничените користеле запаливи течности и молотови коктели, но не успеале да предизвикаат пожар од поголеми размери.

– Овие лица немаат никаква врска со Литванија и дошле со конкретна намера да го извршат ова кривично дело – изјави Бригинас.

Тој додаде дека не станува збор за спонтан чин.

– Сторителите точно знаеле каде одат и што имаат намера да направат, а за нападот однапред се подготвиле – рече Бригинас.

Според него, осомничените се поврзуваат и со подметнување пожари во постројки на „Старлинк“ во Полска и Бугарија. Во врска со овие напади, во Полска биле уапсени и други луѓе.

Постројките на „Старлинк“ во последно време повеќепати биле цел на саботажи. Оваа сателитска мрежа има стратешко значење за украинската одбрана во војната против Русија.

Во септември избувнал пожар во копнена станица на „Старлинк“ во Полска, за кој владата во Варшава се сомнева дека е дело на руските разузнавачки служби.

И во Бугарија, според достапните информации, намерно биле запалени антени на „Старлинк“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…

Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…

Петков и Јотова ќе се судат за…

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…

Студентската листа во Србија бара оставки во…

Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…

Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…

Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…

Британски „Тајмс“: „Првиот куршум е за тебе“…

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ наводно размислувал…