Јолевски: Обвинителите со кривична или дисциплинска постапка можат да се кандидираат за шефови на Обвинителствата

t

Обвинителите против кои се води дисциплинска или кривична постапка можат да се кандидираат за шефови на Обвинителствата, бидејќи тоа не е еден од условите предвидени во Законот, вели претседателот на Советот за јавни обвинители, Антонио Јолевски, пренесе “Локално”.

Како што објаснува тој, во условите стои дека треба да има шест години непрекинат стаж како јавен обвинител и за последните три години да е оценет со позитивна оценка. Водењето на дисциплинска и кривична постапка не значи дека обвинителите не можат да поднесат. Тие не се елиминирани од постапката. За секој обвинител може да биде поднесена пријава и самото тоа не значи дека е елиминиран од постапката.

Според него, секој обвинител кој ги исполнува условите, има право да се пријави на огласот.

-Понатаму се изготвува кандидатска листа и од неа произлегуваат гласачките ливчиња и гласање на сите јавни обвинители. Во моментов сме 164 обвинители, меѓу тоа до крајот на месецот имаме уште што исполнува старосна пензија, што значи 163 јавни обвинители ќе гласаат, додаде Јолевски.

Во вторник ќе има седница на Советот и на таа седница ќе се отвориат сите огласи, за сите шефови на кои им истекува мандатот меѓу кои и на Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал: Се подготвуваат нови судии и обвинители,…

Се уште не е решена истрагата, и…

Државното правобранителство поднесе кривични пријави против двајца…

Државното правобранителство поднело кривична пријава против двајца…

Поранешни обвинители на СЈО осомничени дека „злосторнички…

Државното правобранителство поднело кривична пријава против двајца…