„ЈСП има 341 автобус, дневно исправни се 185, а во работа се пуштаат само 157 автобуси“
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Истражувањето покажува дека само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.
Од ЦГК информираат дека „ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно“.
Истражувањето покажало дека „Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185. Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години“.
„Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години. Само 10 % од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5“ велат од Центарот за граѓански комуникации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…