Јустина Широка-Пуља избрана за претседател на Косово
Собранието на Косово ја избра Јустина Широка-Пуља за претседател на Косово, откако за неа гласаа 81 пратеник.
Таа беше предложена од движењето „Самоопределување“, а изборот се одржа непосредно пред истекот на уставниот рок за избор на шеф на државата.
-Денес, со голема чест и целосна одговорност ја прифаќам должноста претседателка на Република Косово. Овој мандат не му припаѓа само на еден поединец тој им припаѓа на нашите граѓани, на нашите институции и на државата за која се жртвуваа многу генерации, изјави Јустина Широка-Пула.
За Елиза Хоџа, кандидатка на Демократската партија на Косово, гласаше еден пратеник, додека двајца беа воздржани.
Изборот следуваше откако Собранието ги усвои предложените измени на Законот за Специјализираните комори, што беше услов на Демократската партија на Косово за поддршка на претседателскиот избор.
По усвојувањето на измените, поддржувачите на ОВК го прекинаа протестот во Приштина, организиран по изрекувањето на пресудата против поранешни лидери на ОВК во Хаг.
Широка-Пуља е претседателка на Академијата на науките и уметностите во Приштина и професорка по економија.
Таа претходно беше министерка за енергетика и рударство од 2008 до 2011 година, а потоа и пратеник во косовското Собрание. Изборот беше реализиран пред истекот на рокот на 6 октомври, со што беше избегнато распишување нови парламентарни избори.
Денес, со голема чест и целосна одговорност ја прифаќам должноста претседателка на Република Косово. Овој мандат не му припаѓа само на еден поединец тој им припаѓа на нашите граѓани, на нашите институции и на државата за која се жртвуваа многу генерации, изјави
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изврши масовен напад врз Украина: најмалку…
Најмалку осум лица загинаа во новиот бран…
Јустина Широка-Пуља избрана за претседател на Косово
Собранието на Косово ја избра Јустина Широка-Пуља…
ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: 19-годишно момче од Тетово…
Трагична несреќа на работното место во Италија…
Избегал од струмичкиот затвор, па ја нападнал…
На 06.10.2026 во 22:50 часот во СВР…
Клековски: Сериите на БСЖ вакцината се искористени…
Министерот за здравство, Сашо Клековски во денешната…