ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: 19-годишно момче од Тетово загина при пад од покрив
Трагична несреќа на работното место во Италија го одзеде животот на 19-годишно момче од Тетово.
Според информациите што ги објавуваат медиуми на албански јазик, младиот тетовец настрадал додека бил на работа, откако паднал од покрив од височина од околу седум метри.
При падот се здобил со тешки повреди, кои, за жал, биле фатални.
Засега нема дополнителни официјални информации за точните околности под кои се случила несреќата, ниту за причините што довеле до падот. Се очекува надлежните органи во Италија да ги утврдат сите детали поврзани со трагичниот настан.
Веста за смртта на 19-годишникот предизвика тага меѓу неговите блиски и сограѓани.
Погребот на младиот тетовец е најавен за утре во Тетово, по пладневната молитва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: 19-годишно момче од Тетово…
Трагична несреќа на работното место во Италија…
Избегал од струмичкиот затвор, па ја нападнал…
На 06.10.2026 во 22:50 часот во СВР…
Клековски: Сериите на БСЖ вакцината се искористени…
Министерот за здравство, Сашо Клековски во денешната…
Скопје е непостоечка држава: Грчки шовинист со…
„Порака до Урсула фон дер Лаен: Скопје…
ММФ предупредува на троен притисок: скапа енергија,…
Светската економија се соочува со истовремен притисок…