Објавено на:

Ќе ја продлабочи ли ЕУ економската криза: Разгледува нови санкиции, па и нафтено ембарго кон Москва

t

Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина.

Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва.

ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на Руската централна банка.

„Работиме на петтиот пакет санкции и предложени се многу нови имиња“, изјави висок дипломат на ЕУ кој инсистирал на анонимност. Како што е најавено, владите на ЕУ денеска ги почнуваат констулациите на ниво на министри за надворешни работи, пред Бајден да допатува во Брисел што е предвидено за в четврток, кога е закажан самит со сојузниците на НАТО, како и со членките на ЕУ во формат на Г-7 групата што ја вклучува и Јапонија.

Дипломати изјавуваат дека балтичките членки бараат ембагро на нафта како следен логичен чекор, додека Германија предупредува оти не треба да се дејстува пребрзо поради и онака високите цени на енергенсите во Европа. Москва предупреди дека санкциите на ЕУ за руската нафта може да доведат до затворање на големиот гасовод кон Европа, во услови кога земјите од ЕУ и до 40 отсто од потребите за гас ги обезбедуваат токму од Русија.

Цените на нафтата во азиската трговија повторно се зголемија поради немањето знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува „Си-Ен-Би-Си“.

Поради тие трендови, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта.

Фјучерсите на двете референтни сорти на нафта утрово пораснаа за повеќе од 3 отсто. Северноморскиот брент беше 111,46 долари за барел, а американската лесна сурова нафта на 108,25 долари за барел.

Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни максимални вредности во март, по што паднаа за повеќе од 20 отсто, до нешто под 100 долари за барел, минатата недела. На крајот на неделата повторно се зголемија и повторно го поминаа прагот од 100 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија стави два авиона за гаснење пожари…

Македонија се вклучи во заедничкиот европски систем…

МОН на Меѓународниот ден на младите: Партнерскиот…

Младите се двигател на општествениот развој, а…

Германски метеоролог со црни прогнози за Европа:…

Климатологот Андреас Јегер предупредува дека овa лето…

На денешен ден пред 36 години свечено…

Пред 36 години, на 12 август 1990…

Трамп: САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…