Пожари и натаму беснеат во пет општини во Црна Гора
Пожари и денеска се активни во пет општини во Црна Гора – Херцег Нови, Даниловград, Колашин, Цетиње и Никшиќ, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи, а пренесе весникот „Вијести“.
Службите за заштита и спасување во Никшиќ и Херцег Нови побараа помош од воздухоплови за гаснење на пожарите во Јасеново Поле и во Ѓеновиќи. Пожарот во Ѓеновиќи, во југозападниот дел на земјата, и натаму гори, а во општина Никшиќ огнот е активен и во реонот на Крстац.
Пожари има и во Даниловград, во централниот дел на земјата (во реонот на Пониквица), во општина Колашин на северот (во реоните на Црни Врв, Маганик и Увац), како и на југ, во реонот на Цетиње, каде што гори кај Белите Полањи.
Од црногорското Министерство за внатрешни работи посочуваат дека приоритет останува навремената интервенција во подрачјата каде што постои ризик од понатамошно ширење на огнот, со максимално користење на сите расположливи човечки и материјални ресурси. Директоратот за заштита и спасување преку Оперативно-комуникацискиот центар продолжува со интензивна координација на сите активности на терен.
Во меѓувреме, пожарите во реонот на Кучи, во главниот град Подгорица, како и во Врановина, во општина Плевља, се целосно локализирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…
Интелигентните камери на Центарот за управување со…
Активни пожарите во мариовско и општините Студеничани,…
Изутринава во земјава има пет активни пожари…
Ангелов: Одбранети неколку манастири, сѐ уште активен…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…