Џабе се правдаше: Вицепремиерката на Бугарија нема да ја посети Македонија поради средбата на Пендаровски со ОМО Илинден

t

Вицепремиерката и министерка за економија Корнелија Нинова одби да учествува на првиот состанок на „Работната група за економија, трговија и иновации меѓу Бугарија и Република Македонија“, јави известувачот на БГНЕС.

Средбата започнува денеска во Скопје.

Нинова одби да замине за РМ поради средба на македонскиот претседател Стево Пендаровски и претставници на забранетата ОМО Илинден.

Оваа средба предизвика остра реакција на бугарското Министерство за надворешни работи.

„Денови по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на тензиите во јавноста предизвикани од конкретни постапки на претседателот на Северна Македонија, кој се обидува да ги обнови темите кои се во конфликт со Договорот за пријателство, добрососедство и соработката од 2017 година.

Ваквите дејствија не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија“, се вели во ставот на МНР.

Самиот Пендаровски изјави дека нема да работи против Договорот за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во 2017 година меѓу Бугарија и Македонија, со ниту една негова постапка досега или во иднина“.

Денеска во РМ замина министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии во Владата на РСМ Фатмир Бесими ќе копретседава со состанокот.

На средбата се очекува да се утврдат можностите за проширување на односите со Република Северна Македонија и во трговијата и во инвестициите.

Лорер ќе посети и бизнис форум на кој ќе учествуваат претставници на бугарската и македонската стопанска комора и индустриски организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски открива детали: Повеќе од 10.000 луѓе…

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување…

Спасовски среќен што Илинден во Северна помина…

Денеска граѓаните на Македонија, чествувајќи го Илинден,…

(Видео) Нокаут од Коцарев за властите: Македонскиот…

Македонскиот јазик има двојно значење, значење на…

Ќучуќ: Минатото е патоказ за европската иднина…

Европратеникот Илхан Ќучук е лидер на Европските…

(Фото) Еве уште еден од тепачите на…

Денеска за време на "прославата" по повод…