Џабе се правдаше: Вицепремиерката на Бугарија нема да ја посети Македонија поради средбата на Пендаровски со ОМО Илинден
Вицепремиерката и министерка за економија Корнелија Нинова одби да учествува на првиот состанок на „Работната група за економија, трговија и иновации меѓу Бугарија и Република Македонија“, јави известувачот на БГНЕС.
Средбата започнува денеска во Скопје.
Нинова одби да замине за РМ поради средба на македонскиот претседател Стево Пендаровски и претставници на забранетата ОМО Илинден.
Оваа средба предизвика остра реакција на бугарското Министерство за надворешни работи.
„Денови по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на тензиите во јавноста предизвикани од конкретни постапки на претседателот на Северна Македонија, кој се обидува да ги обнови темите кои се во конфликт со Договорот за пријателство, добрососедство и соработката од 2017 година.
Ваквите дејствија не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија“, се вели во ставот на МНР.
Самиот Пендаровски изјави дека нема да работи против Договорот за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во 2017 година меѓу Бугарија и Македонија, со ниту една негова постапка досега или во иднина“.
Денеска во РМ замина министерот за иновации и раст Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии во Владата на РСМ Фатмир Бесими ќе копретседава со состанокот.
На средбата се очекува да се утврдат можностите за проширување на односите со Република Северна Македонија и во трговијата и во инвестициите.
Лорер ќе посети и бизнис форум на кој ќе учествуваат претставници на бугарската и македонската стопанска комора и индустриски организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов: Илинден е секој ден и секој…
,,Ние не само ве имаме како сфои…
Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска…
Со кревањето на знамето на Крушевската Република…
БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се…
Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува…
Мицкоски од Илинден: Се гради низ целата…
Добро е што се гради. Со овој…
Делови од Илинден и од Карпош денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…