Абази: Кој е тој што ја сум го заштитил?

t

Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК) побарало дополнитлени податоци од МВР и чека одговор за предистрагата со т.н. Шпионска афера во претседателскиот кабинет. Шефот на обвинителството Ислам Абази не откри други детали со образложение дека предистрагата е тајна, но го пофали МВР за соработката. За критиките од министерот, премиерот и други функционери кои се интензивираа по затворената истрага за мазутот, Абази вели не коментира политички изјави.

„Чекаме одговор од министерството за внатрешни работи, но секако после тоа ќе видиме дали постојат услови за донесување на јавнообвинителска одлука или ќе има потреба да се преземе уште некое друго дејствие. Со припадниците на МВР и јас и обвинителот сме имале состаноци на оваа тема состаноци. Министерството е наш најголем сојузник и партнер, сме во постојана комуникација, секојдневна комуникација. Не само за овој предмет, туку за сите предмети… Не би ги коментирал. Не значи дека немаме соработка. Секој си има свое мислење по однос на некоја одлука и не треба ние секој пат да се сложуваме едни со други за нашата одлука. Нашите одлуки подлежат на како што кажав, на надзор и контрола на повисоките јавни обвинителства“, изјави првиот човек на ОЈО ГОКК, Ислам Абази.

За 84 проценти од нерешените предмети обвинителството чека одговор од други институции, кажа Абази при презентирање на годишниот извештај пред Советот на јавни обивнители. Ова му е последен извештај во мандатот што му истекува во ноември. Засега не одлучил дали ќе се кандидира повторно. Задоволен е од резултатите, а пред членовите на советот издвои и осум предмети за висока корупција процесуирани минатата година. Тоа што нема обвиненија за функционери од ДУИ не го смета за неуспех.

„Која е таа кривична пријава, како што велите вие ДУИ која е стигната до обвинителството и конкретно не е процесуирана? – И кој е тој што ја сум го заштитил? – За „Соравиа“, јавниот обвинител постапува. Сме испратиле барање за меѓународна правна помош од сериозна држава и чекаме одговор“, додава Абази.

Предметот „Соравија“ во кој меѓу осомничените е и внукот на Али Ахмети е во предистрага веќе три години, а одговори се чекаат од САД.

Во истрагата за ФФМ, на предлог на обвинителството, судот го замрзнал имотот на девет осомничени, а замрзнати се сметките и на 17 фирми и осомничени, рече Абази. Двајца поранешни претседатели на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски и Мухамед Сејдини се меѓу осомничените во оваа истрага. Според истрагата, направиле штета во Куќата на фудбалот од, речиси, три милиони евра преку незаконски исплати на фирми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абази: Кој е тој што ја сум…

Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК)…

Метео предупредување: Утре локално невреме со пороен…

Утре времето ќе биде променливо облачно со…

Јаневска со апел до родителите: Без ваш…

Врсничкото насилство може да запре само ако…

Тројца се лишени од слобода за претепувањето…

Лишени се од слобода три лица кои…

(Видео) Општ хаос во Албанија – оклопни…

Продолжија протестите пред албанскиот парламент, каде што…