Абази седнува во фотелјата во Организиран, а Советот ќе избере меѓу Фетаи, Хајрулахи и Рустеми за Вишото

t

На денешната седницата на Советот на јавните обвинители ќе се избере нов шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје.

На огласот се пријавени тројца кандидати и тоа актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

И Фетаи и Рустеми беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители.

На денешната седница ќе биде донесена и одлука за именување на новоизбраниот обвинител на Организиран, Ислам Абази.

На истата седница е предвидено да се изгласаат уште неколку шефови на повеќе обвинителства и тоа на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

Исто така ќе се распише и нов оглас за избор на четири јавни обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходниот избор пропадна, бидејќи не беше избран ниту еден од пријавените шестмина кандидати.

Советот на ЈО ќе одржи седница за именување на Абази за шеф на ОЈО ГОКК
Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи седумдесеттата седница на чиј дневен ред е донесување одлука за именување на Ислам Абази за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носење одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати на претходниот оглас.

Советот, според најавениот дневен ред, ќе треба да донесе и одлука за избор на Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Куманово.

На изборите за шеф на ОЈО ГОКК на 7 ноември најмногу гласови доби Ислам Абази – 66, втор од четворицата пријавени кандидати по број на добиени гласови беше Ермон Незири со 64 гласови, а Вилма Русковска доби 14 и Деса Пауновска десет гласа.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите 160 јавни обвинители во земјава.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

Абази, на прес конференција за медиумите еден ден по изборите, рече дека работата во ова јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека со своето досегашно искуство и професионално и законито работење ќе го претставува ОЈО ГОКК. Како свој приоритет, Абази најави пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар и да се воведе дигитализација во јавното обвинителство.

Освоените 66 гласа од колегите јавни обвинители, Абази рече дека се голема одговорност и мотив, колку што може подобро и професионално да раководи со ова, како што рече, најважно јавно обвинителство кое во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Салиу: Слободниот збор не им го…

Видовте што се случи, среќа ја работам…

Галант: Израелските војници ја напуштија Газа за…

Израелските војници кои денеска се повлекоа од…

Голема трагедија во Македонија: Млада жена загина,…

39-годишна скопјанка почина на скопските клиники, по…

Скопјанец нападнат во казино

Денеска (07.04.2024) во 04:20 часот на подрачјето…

Ковачевски: Силно го осудувам апсењето на новинарот…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, го осуди…