Абдулах Сидран: Југославија ќе биде сè подобра и подобра зашто нашата реалност е сè полоша и полоша
Босанско-херцеговскиот поет, драмски писател, сценарист… за српскиот „Данас“ даде интервју во кое зборува за културниот и за животот воопшто во Сараево, Босна и Херцеговина и во некогашната Југославија, од времето на Олимписките игри во неговиот град во 1984 година па досега.
Во интервјуто, Сидран, меѓу другото, одговори и на новинарското прашање за една од честите тема на неговите дела, југоносталгијата.
– Сметам дека Југославија не пропаднала затоа што нејзините републики се осамостоија туку дека тие се осамостоија затоа што Југославија пропаднала. А проблемот со југоносталгијата е комплициран. Прво, има во него многу психологија зашто ние, всушност, не ни знаеме поради што сме носталгични. Дали тоа е поради тоа што бевме помлади и поубави или поради она што беше една илузија или реалност на слобода во секоја смисла. Во политичкиот јазик е јасно дека тоа беше социјална држава, минимумот на човековите права беше загарантиран, како образованието и здравството, а оваа сега во однос на тоа е фашизам, не е ни неолиберализам, ни ништо. Значи, во таа смисла Југославија беше и ќе биде се подобра и подобра, мртва кобила но од ден на ден се подобра и подобра – вели тој.
И поставувајќи го самиот прашањето „зошто“, Сидран продолжува со одговорот.
– Затоа што нашата реалност е се полоша и полоша. На тој начин е разбирливо и оправдано да се биде југоносталгичен, со тоа јас имам големо искуство, со тие шпионски кожни мантили за кои правев филмови и филмски сценариа, известував, лесно ги препознавав… Отидов јас така за 29. ноември во Јајце, а тамо два-три илјади луѓе и доколку ги наредиш пред мене, јас ќе одам од еден до друг и ќе кажувам „југоносталгичар“, „удбоносталгичар“… Толку тие се задржаа. Се во Југославија се распадна, службите останаа недопрени. И денес, во распаднатата држава, кога имаме, колку беше, нови, самостојни држави, тие служби подобро соработуваат отколку што соработуваа кога беа под еден државен покрив – заклучува Сидран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…