Авиокомпаниите масовно ги откажуваат летовите кон Израел и Либан
Сè поголем број авиокомпании го избегнуваат иранскиот и либанскиот воздушен простор и ги откажуваат летовите кон Израел и Либан, пишува Ројтерс, при што расте загриженоста поради можниот конфликт во регионот по убиството на високи претставници на Хамас и Хезболах претходно оваа недела.
Грчката авиокомпанија Егеан, полскиот Лот, холандската КЛМ се последните во низата компании кои ги прекинаа летовите кон Израел, поради можни напади од Иран.
Холандската и грчката авиокомпанија ги откажаа летовите до 6 август, а полската авиокомпанија до 9 август.
Туркиш ерлајнс го одложи синоќешниот лет за Иран поради тензиите меѓу Израел и Иран.
„Сингапур ерлајнс“ од вчера наутро престана да лета низ иранскиот воздушен простор и да користи алтернативни рути, наведувајќи ја безбедноста како приоритет.
Компанија од Тајван, EVA Air, како и China Airlines исто така го избегнуваат иранскиот воздушен простор за летови до Амстердам кои претходно се одвиваа преку Иран, покажуваат податоците на веб-страницата Flytradar24.
Авиокомпаниите се уште не коментираат за промената на линиите.
Групата за информации за ризик за летови OPSGRUP ги советуваше авионите што летаат меѓу Азија и Европа да го избегнуваат иранскиот и ирачкиот воздушен простор, еден ден откако извори за Ројтерс изјавија дека највисоките ирански претставници ќе се сретнат со претставниците на регионалните сојузници на Иран во Либан, Ирак и Јемен за да ја разгледаат можна одмазда против Израел.
Во изминатите два дена „Ер Индија“, „Луфтханза“, американските компании „Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ер“, како и италијанската ИТА Ервејс објавија дека ги прекинале летовите кон Тел Авив.
Некои компании ги откажаа и ги одложија летовите за Бејрут оваа недела, по нападот на стадионот на Голанската висорамнина, за кој Израел го обвини либанскиот Хезболах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар…
Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на…
Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Москва ја прозва Холандија по нападот врз…
Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…
Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…
„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…
Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…