Авион на Владата на РС слета утрово во Белград, во него е најверојатно Додик
Авион на Владата на Република Српска слета утрово на аеродромот во Белград и во него според српски босански медиуми, се наоѓа претседателот на РС, Милорад Додик, јави МИА од Белград.
Авионот полетал од Израел синоќа околу 22.30 часот, наведуваат медиумите цитирајќи податоци од веб-страницата ADSBexchange, каде се следи глобалниот воздушен сообраќај во реално време.
Милорад Додик, по кого е распишана централна потерница, а од Интерпол е побарано црвена потерница, беше во Израел на конференција за антисемитизам во Ерусалим. Тој најави дека ќе се врати во БиХ „мирно следната недела“.
Израелскиот весник „Израел Хајом“ објави дека израелските власти „јасно ставиле до знаење дека не е добредојден на настанот, што го натерало да го напушти местото на одржување“.
Додик за Џерузалим Пост изјави дека ја напуштил конференцијата затоа што „се чувствувал како натрапник“.
„Дојдов во Израел да зборувам против антисемитизмот. Наместо тоа, се чувствував непожелно – гостин кој се чувствува како натрапник“, рече тој.
Авионот полета кон Израел вчера околу 18 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…