Објавено на:

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени

t

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина ќе бидат пренесени тројца повредени во пожарот во Кочани, кои ќе се лекуваат во грчката престолнина, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, транспортниот авион со медицински персонал на службата за итна помош вечерва ќе полета од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ќе ги преземе повредените веднаш ќе се врати во Атина.

Повредените се очекува да бидат хоспитализирани во Општата воена болница 401 каде што има Оддел за повредени со изгореници.

Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница 424 веќе се на лекување пет лица кои во пожарот се здобиле со изгореници.

Како што претходно објави МИА, уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград, четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, осум во Универзитетскиот клинички центар, по двајца повредени заминуваат на лекување во Виена и Загреб, а тројца во Атина.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…