Авион на релација Мадрид-Софија принудно слета во Барселона поради проблем со моторот

t

Авион кој летал од Мадрид кон Софија ноќеска принудно слетал во Барселона поради проблем со еден од моторите, јавува NOVA, повикувајќи се на патник во авионот.

Според неговите зборови, околу 20-30 минути по полетувањето се слушнал силен звук, по што следувале сериозни вибрации во авионот.

Патниците биле информирани дека има проблем со левиот мотор. Според сведочења, од моторот избиле пламен.

„Јас бев од десната страна, но од левиот мотор излезе оган“, раскажува патникот.

Авионот бил пренасочен кон Барселона, каде што слетал, по што патниците биле евакуирани од авионот.

Засега нема официјална потврда за причината за техничкиот дефект. Не е познато ниту кога патниците ќе можат да го продолжат патувањето кон Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…

Патнички авион на лет од САД кон…

(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…

На социјалните мрежи се појави нова снимка…

Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…

(Видео) Авион се излизга од пистата во…

Авион со 132 патници на аеродромот во…