Авион на Туркиш ерлајнс принудно слета во Белград

t

Авион на Туркиш ерлајнс на летот Истанбул-Цирих принудно слета во Белград во 14 часот и 45 минути поради медицински причини.

Сите надлежни аеродромски служби реагирале во најкус можен рок, а грижата за патникот на кој му е потребна лекарска помош е во тек, објавија српските медиуми.

Во меѓувреме, патниците се во авионот, каде што чекаат дополнителни информации од авиокомпанијата за продолжување на патувањето до нивната дестинација.

Претходно српските медиуми објјавија дека се случува вистинска драма со авионот на Туркиш ерлајнс кој наводно го прелетал Срем и Нови Сад, а потоа се вратил во Белград.

Потоа беше објавено дека првото итно слетување не успеало, а по вториот обид успешно слетал на аеродромот Никола Тесла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти утре во посета на Македонија, најавен…

Утре, среда, во официјална посета на Македонија…

Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…

Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…

ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата

Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…

Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…