Авион принудно слета во Будимпешта поради чад во кабината
Авион на „Визер“ што летал на линијата Крајова-Лондон утринава слетал на аеродромот во Будимпешта поради чад кој навлегол во патничката кабина, а двајца членови на екипажот се пожалиле дека не се чувствуваат добро.
Авионот утрово полетал од Крајова, Романија и бил во унгарскиот воздушен простор кога екипажот решил да го прекине патувањето бидејќи чад навлегол во патничката кабина преку системот за климатизација, објави веб-страницата Air portal.hu.
Авионот утрово околу 06 часот безбедно слета на пистата на меѓународниот аеродром „Ференц Лист“ во Будимпешта, а околу 10 часот го продолжи летот за Лондон откако ги смени авионот и екипажот.
Во авионот имало 180 патници и шест членови на екипажот. Авионот Ербас А320 стар 12,5 години е еден од најстарите во флотата на Визер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион полн со патници нагло се спуштил…
Пет лица се повредени откако патнички авион…
Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…
Патнички авион на лет од САД кон…
(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…
На социјалните мрежи се појави нова снимка…
Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…
(Видео) Авион се излизга од пистата во…
Авион со 132 патници на аеродромот во…