Аврамовска-Мадиќ: Распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители би било упад од извршната во судската власт
Од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме како ќе ги распуштат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Како заменик министер, но и дел од вработените во Министерството за правда и експертите потенцираа дека како што се наметна, доколку се направи тоа во преодни и заврши одредби да се прекине мандатот е преседан и упад од извршната во судската власт, рече заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ во „Вин-вин“ на Телма.
Таа додаде дека е готов Нацрт-законот кој е работен по препораките од Оценската мисија од ЕУ за Судскот совет и дека таму се предвидува можност за утврдување на одговорност.
– И сега, по стариот закон, ако судиите се одважат, можат да побараат одговорност на членовите на Судскиот совет кои се од редот на судиите – рече Аврамовска-Мадиќ.
Таа објасни дека не може да се решава проблемот со корупцијата со распуштање на институцијата која врши избор и разрешување и која утврдува одговорност по барање на судиите.
– Тоа е институција, не е судскиот систем или највисок орган. Проблемот треба да го бараме кај самите судии, поединци – рече Аврамовска-Мадиќ.
Според неа, истакнат правник е поимот што треба да се дефинираме во законот. Една дефиниција е дека професорите од трите најдоброрангирани универзитети ќе може сами да изберат членови на Судски совет на интеруниверзитетска конференција, каде самите ќе делегираат и предложат истакнати професори со минимум 20 години стаж.
– Исто и адвокатите со 20 години стаж ќе може да бидат членови – рече Аврамовска-Мадиќ.
Таа додаде дека за судиите досега условот бил шест години стаж, но со измените тоа се менува со 15 години стаж.
– Судија е судија, завршил академија секако, но друго е судија кој работел шест години и 15 години. Тие ќе имаат повеќе искуство, ќе се стекнати со поголем број на предмети и различни ситуации – рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туфегџиќ: Од 15 обвинители, најмалку 5 не…
Обвинението за случајот „Пулс“ е доста проблематично…
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…
Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…
(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…
Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…
Утре ќе се избираат 47 обвинители во…
На дневниот ред на 20. седница на…
Судиите и обвинителите ќе може да работат…
Собранието денеска усвои повеќе предлози на закони…