Австралиските власти се закануваат – ако судот го ослободи Ѓоковиќ, тие можат повторно да го стават во притвор
Австралиската влада го објави одговорот на жалбата на Новак Ѓоковиќ, тој е на 13 страници, а две точки предизвикаа големи реакции во јавноста.
Околу полноќ почнува судската разврска за случајот на Новак Ѓоковиќ. Австралиската влада денеска го достави одговорот на жалбата на српскиот тенисер. А во него има две точки кои привлекуваат посебно внимание.
Во една од точките тие тврдат дека никој не му дал гаранција на Ѓоковиќ дека ќе му биде прифатено медицинското изземање.
„Не постои такво нешто како гаранција да може странец да влезе во Австралија. Постојат критериуми по кои ние ги одобруваме и имаме право да ги одбиеме барањата за виза. Никој не дал гаранција на личноста дека медицинското изземање ќе биде прифатено“, е една од точките.
Во втората точка која предизвика реакции, Австралија се заканува дека без разлика на одлуката на судот, тие повторно може да го стават Ѓоковиќ во притвор.
„Ако судот донесе одлука дека обвинетиот се пушта од карантин на слобода, ние и понатаму можеме да го ставиме во притвор, без разлика на одлуката на судот. Одлуката на судот да биде пуштен на слобода, не е гаранција дека владата нема повторно да го приведе“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија со европско сребро, Ана Бергер со…
Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а…
Македонците со седум медали се враќаат од…
Во својата прва сезона на меѓународната завршница…
Двојна победа за Охрид против Војводина
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората…
Македонија во Таранто со 90 спортисти ќе…
Македонија оди со рекордна делегација на Медитеранските…
(Видео) Македонија го има еден од петте…
Цепелинот на нашите ракометари против Франција се…